До вчерашниот ден, во светот се регистрирани над 700.000 смртни случаи од коронавирус. Според Ројтерс, лидери во ваквата црна статистика се Италија, САД, Бразил и Индија, објави Reuters.
Просечно, речиси 5.900 луѓе умираат во текот на едно деноноќие, базирано на податоци од изминатте две недели. Тоа значи дека 247 луѓе умираат секој час, или еден човек на секои 15 секунди.
САД и Латинска Америка се новите епицентри на епидемијата и двете земји се мачат да го намалат ширењето на вирусот.
Во моментот, Австралија, Јапонија, Етиопија, Хонг Конг, Бугарија, Судан, Боливија, Узбекистан, Израел и Белгија бележат рекорден раст на нови случаи на Ковид-19.
(преведено од Reuters)