ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ ја обнови Иницијативата за укинување на привилегиите на функционерите и ќе ја достави до новиот состав на Парламентот

August 8, 2020 17:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ја започна иницијативата за укинување на привилегиите на функционерите во мај 2019 година. Иницијативата ја поддржаа шест илјади граѓанки и граѓани во онлајн петицијата што ја започна организацијата.

Според ЦИВИЛ, бесмислено е да се трошат огромни суми пари за доживотни повластици на поранешните претседатели на државата, без оглед на тоа дали тие биле на висината на својата функција или биле криминалци. Едноставно, нема ниедна логична причина тие доживотно да живеат во раскош на сметка на сиромашните граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија.

Со оваа иницијатива, почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици мора да се укинат, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.

Иницијативата започна со соопштение на ЦИВИЛ на 14 мај 2019, за потоа, организацијата, во присуство на голем број медиуми, да достави барања до парламентот на 17 мај, во пет минути до 12 часот.

 

„Едноставно, преголемите трошоци кои ние ги имаме за апанажи, за пензии, за доживотни пензии и други издатоци кои ги користат, според законите, кои токму во овој парламентарен дом се изгласани во текот на изминатите години и децении, сметаме дека треба да бидат сериозно ревидирани и укинати, или во најголем дел да бидат редуцирани до едно пристојно нормално човечко ниво. Вака изгледа како Македонија да е еден султанат, во кој газди се оние коишто се на власт. Во било која смисла на зборот. Дали се локални шерифи, или бивши претседатели, тие едноставно го цицаат доброто на овој народ, на овие граѓанки и граѓани кои едноставно, повеќе, не можат да го издржат тој товар“, изјави Џабир Дерала на доставувањето на иницијативата пред Собранието.

На 5 јуни 2019, ЦИВИЛ ја организираше и трибината „Крај за расипништвото“, каде заинтересираните граѓанки и граѓани имаа можност подетално да се запознаат со барањата на организцијата кои се однесуваат на намалување, односно укинување на привилегиите на јавните функционери.

По трибината се формираше и работна група која работеше на конципирање и прецизирање на барањата и на конкретни предлог-законски мерки за намалувањето или целосно укинување на привилегиите на функционерите, со цел да се стави крај на неконтролираното трошење на јавните пари за луксузирање на функционерите.

ЦИВИЛ, во април годинава, повторно ја актуелизираше иницијативата. Во денови кога светската економија е на колена поради справувањето со кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 ЦИВИЛ истакна дека е крајно време да се стави крај на привилегиите на функционерите кои изминатите децении го пустошат буџетот на земјата. „Сега, повеќе од кога и да е порано, дојде време кога треба да се мисли на парите на граѓанките и граѓаните“ – беше ставот на организацијата. За време на кризата со коронавирусот, техничката влада воведе голем број мерки со кои се намали трошењето на јавните пари, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави сериозно кратење во оваа област.

Непосредно по објавувањето на иницијативата во мај 2019 година, неколку политичари, меѓу кои и сегашниот претседател Стево Пендаровски, во тоа време претседателски кандидат, ја дадоа својата поддршка.

Сепак, ЦИВИЛ со иницијативата бара далеку поголеми кратења на привилегиите на избраните и именуваните функционери. По конституирањето на Парламентот на 4 август, организацијата најавува повторно актуелизирање на ова прашање, на самиот почеток од нивниот мандат и очекува од новиот собраниски состав да ја стави оваа иницијатива на дневен ред.

Накратко, барањата на ЦИВИЛ и на граѓанската работна група се:

  • Укинување на апанажите на било кое ниво, за било која позиција.
  • Укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век.
  • Укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена.
  • Укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени. Бараме укинување на сите привилегии што се поврзани со користење службени возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии.
  • Драстично намалување на патните трошоци на функционерите, поточно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз.
  • Да се воспостави пракса на забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа.
  • Укинување на дискреционите овластувања на функционерите.

Деновиве, ЦИВИЛ ќе ја ревидира листата од барања и ќе ја достави до Собранието.

Next Post

(ВИДЕО) Ковачевски: Минималното поскапување на струјата ќе ги осигура инвестициите во обновливи извори

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk