Не стивнуваат реакциите на граѓани, политичари и организации после вулгарниот говор на омраза од Апасиев, кон Радмила Шекеринска.
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, очигледно алудираќи на Димитар Апасиев, го спореди Апасиев со српскиот радикал и поранешен хашки затвореник Воислав Шешељ.
После вчерашниот уште еден во низата скандалозни Фејсбук статуси на новопечениот пратеник од редовите на Левица, кој со пцости и се нафрли на Шекеринска, портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов му порача да ги врати парите од СЈО и дека такви фашисти како Апасиев не и требаат на државава.
„Се моли Апасиев да иде во 300 СЈО и да ги врати парите народни што ги земаше од таму.
Такви фашисти, на државата не и требаат.“, напиша на ФБ Костадинов.
И граѓанската организација за човекови права ЦИВИЛ, остро го осуди говорот на омраза на Апасиев
Крајно непримерното однесување на Апасиев и сличните на него е насочено кон активисти, новинари, експерти, политичари и други, а со својот потпалувачки говор поттикнуваат ширење на омраза по повеќе основи, што е спротивно на Кривичниот законик. Несфатливи се молкот на институциите и рамнодушноста на медиумите и јавноста. Апасиев и тие како него, со години уживаат во неказнивоста, но тоа мора да престане веднаш!, се вели во осудата од ЦИВИЛ.
Ј. Ѓ.