Во Кичево денеска се регистрирани седум нови заразени лица и еден оздравен пациент, со што вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна на 201 лице, од кои 120 се активни, 72 се излекувани и девет лица се починати.
– Денеска кај нас имаме седум новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар и се разбира дека со во изолација, за среќа пак имаме само едно оздравено лице од коронавирусот, информира Д- р Џабир Бајрами, член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево.
Тој апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции.