Павле Богоевски, во денешната колумна „Со најавите за поништување на Рамковниот и договорите со соседите, димче може само да се слика“ говореше за Апасиев и покрај другото вели:
„Иако сите знаеме дека апасиев е паметен дечко со 10,00 просек на Правен (нешто што тој ретко пропушта да го каже или на сила да се обиде да го покаже), овој национал-шовинистички отров од пропаганда не е негов изум.“, напиша Богоевски во еден дел од колумната.
Очигледно од нешто провоциран, Героски се фати за тоа и на Фејсбук имаше свој коментар на колумната од Богоевски:
„Чекај малку! Што ама? Тебе колкав ти е просекот?“, изрично прашува Героски. Героски потоа вели дека неговиот просек бил 9,7.
Во коментар под тој пост, Павле Богоевски се надоврзува со одговор:
Видиш Геро, и ти имаш висок просек, значи тоа не е никакво мерило за квалитет.