ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МОЗАИК

Отворено писмо до другарите и другарките Албанци по повод денот на потпишување на Рамковниот договор

August 13, 2020 10:20
in ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Почитувани другари и другарки,

Има една работа која ми се врти во мислите уште кога влегов во Парламентот и се запознав со ДУИ и нивниот начин на работење, ама не сум имал прилика до сега да пишувам за тоа. Станува збор за граѓанската одговорност на Албанците во нашата држава.

Да разјасниме една работа – јас сум огромен поддржувач на концептот на Едно општество за сите и со секоја клетка од моето битие верувам во еднаквоста на сите граѓани пред законите. Кога Имер Селмани се кандидираше за Претседател, јас гласав за него – бидејќи најмногу ми се допадна неговата програма. Како Пратеник, го гласав Законот за јазици иако имав и сè уште имам забелешки за квалитетот на законскиот текст. Го гласав внесувањето на Рамковниот договор кон Преамбулата на Уставот. Го гласав првиот Албанец Претседател на Собранието на РСМ и бев спремен со живот да го бранам тој глас. Исто како што со животот и телото ги бранев албанските Пратенички кога македонските националисти влегоа во Собранието на 27ми Април. Знаете дека додека „мажите“ од ДУИ се шетаа насмеани покрај насилниците, жените пратенички беа оставени и заглавени со мене, а јас ги примав ударите наменети за нив? Повторно би го направил истото, со огромно задоволство и гордост.

Ама како што ние, прогресивните Македонци имаме обврска да се справиме со националистите и радикалите во нашите редови – исто имате и вие. Не е проблемот што Ахмети бара Премиер Албанец – проблемот е што бара НЕГОВ ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ и што тоа го поставува како единствен услов за идното владино коалицирање. Никакви други вредности, никакви други приоритети – само национално барање кое треба да му донесе политичка моќ. Тогаш другари и другарки, таа политика повеќе не е национална политика – туку националистичка и никако поинаква.

Ние имаме многу меѓуетнички проблеми на кои треба да работиме – рамноправниот регионален развој, урбанизацијата на населените места, еднаквиот пристап до права и можности – но тие проблеми не смеат да бидат фолклорни по својата природа.

Најискрено би ве прашал – повеќе ве боли тоа што химната се однесува само на Македонците или тоа што албанските села во некои од македонските општини добиваат трошки од буџетот? Или пак тоа што Албанците многу потешко се вработуваат во приватните фирми со македонски газди и доминантно македонска структура? Или тоа што, сè уште има македонски родители кои не им дозволуваат на своите, македонски дечиња да се дружат со своите албански другарчиња?

Ама таа паричка има две страни. И нас нè боли тоа што повеќето албански градоначалници вработуваат само Албанци во општинските администрации и што инвестираат доминантно во албанските населени места. И нас нè боли што Албанци вработени преку ДУИ не идат на работа во државната администрација, а земаат плата.

Ова се проблемите за кои треба да разговараме, другари и другарки. Ама политичарите чиј идентитет се заснова само на национализам никогаш нема да дозволат да разговараме за овие проблеми. Знаете зошто? Бидејќи прво, самите тие политичари се заслужни за нив и второ – и уште поважно – бидејќи ваквите проблеми се решливи. И кога ќе бидат решени ваквите, вистински проблеми, тогаш на сцената веќе нема да бидат потребни политичари кои освен фолклор политики и скандирање „УЧК, УЧК“ по митинзи, друго не ни знаат. Затоа, наместо да зборуваме за вистинските проблеми, ние секои избори се расправаме со нови, понационалистички и пофолклорни барања кои немаат никаква врска со вистинско градење на едно општество за сите и реалните потреби на граѓаните. За жал, сите моментални албански политички фактори знаат да флертуваат со ваквиот начин на практикување политика.

Морате да бидете свесни дека ако нема друг, прогресивен глас во албанските политички партии, Македонците ќе мислат дека националистите како Ахмети ги претставуваат сите Албанци и Албанки во нашата држава и дека политичките приоритети на сите Албанци се подеднакво радикални и националистички како приоритетите на оние кои тврдат дека ги претставуваат.

Со други зборови, како што ние имаме обврска да ви докажеме дека не сите Македонци се националистички чудовишта како Груевски, Тарчуловски, Ѓорчев или Апасиев – така и вие имате обврска на дело да ни докажете дека не сите Албанци се криминогени милитанти за кои единствена светост се парите и моќта, како што се Ахмети, Груби, Алими и сличните на нив.

Во спротивно, неизбежно ќе ја загубите поддршката на прогресивните Македонци кон концептот на Едно општество за сите. Порастот на албанскиот национализам станува сè почеста тема на разговор помеѓу Македонците. А верувајте, не сакате да останеме без аргументи во тие дискусии.

Затоа, ве повикувам да се справите со овој одвратен наплив на национализам кај тие кои се нарекуваат ваши политички лидери. Истовремено, ви ветувам дека јас и сличните на мене никогаш нема да престанеме да се бориме со нашите националисти и фашисти, кои како што и самите забележувате, земаат застрашувачки голем замав во политичките процеси.

Само така и само со ваков, искрен пристап можеме државава да ја однесеме кон нашата цел – општество чии закони обезбедуваат еднакви можности за сите етнички заедници во него. Сè додека правата и државата ги гледаме како конечна вреќа компири, каде ако на едниот му се даде, на другиот ќе мора да му се земе нешто – ние само подлабоко ќе тонеме во омраза, гнев и поделби.

Другарски поздрав!

пишува: Павле Богоевски

Next Post

УНИЦЕФ: 800 милиони деца во светот немаат услови во училиштата да ги измијат рацете

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk