ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Комплетиран составот на новата влада, рокот за поднесување на предлогот истекува на 2 септември

August 23, 2020 08:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ДУИ го објави името на новиот министер за информатичко општество и администрација со што се комплетира составот на новата влада која треба да биде избрана во Собранието. Нивниот предлог е Јетон Шаќири, професор на Меѓународниот универзитет во Струга, да раководи со ова Министерство.

Рокот за поднесување на предлогот за избор на нова Влада истекува на 2 септември. Откако во петокот беше избран Талат Џафери за претседател на Собранието, сега се очекува во наредните денови да биде закажана и седницата за избор на новата влада.

Во новата влада, како што најави мандатарот Зоран Заев, наместо 26, како досега, ќе има 19 министри или седум помалку.

Предлозите за новите министри беа објавени во средата откако претходно беше официјализирана коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ.

Од редовите на СДСМ во состав на новата влада влегуваат Оливер Спасовски кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи, Радмила Шекеринска која ќе продолжи да го води Министерството за одбрана, а предлогот за нов министер за правда е Бојан Маричиќ.

Благој Бочварски ќе раководи со Министерство за транспорт и врски, Јагода Шахпаска со ресорот за труд и социјална политика, а Ирена Стефовска ќе биде нов министер за култура. Венко Филипче останува министер за здравство, додека вицепремиерката Мила Царовска ќе раководи со Министерство за образование и наука. Досегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров ќе биде вицепремиер задолжен за европски прашања. Фатмир Битиќи ќе биде вицепремиер за економски прашања, а Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупцијата.

ДУИ ќе раководи со Министерството за финансии, Министерството за надворешни работи, Министерството за економија и Министерството за животна средина. Ќе има и вицепремиер и министер за политички систем. Предлогот на ДУИ е Артан Груби да биде вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, Крешник Бектеши министер за економија и Насер Нуредини за животната средина.

Предлозите за нови министри во средата беа одобрени од највисоките тела на двете партии.

Мандатарот Заев од владиниот тим очекува работа, чесност и одговорност.

– Би почитувал работа и повеќе од осум часа. Очекувам комплетна фокусираност зашто не чека неповторлив период. Втората работа е чесноста и одговоронста, изјави Заев во средата по седницата на Централниот одбор на партијата. Најави и одговорност за секој оној кој ќе се огреши пред законот без разлика дали е министер или не. Очекувам од кадрите да преземат одговорност секогаш. Тоа е пораката, рече Заев./МИА/

Next Post

Изложбата „Без простор“ ќе го затвори годинешниот фестивал „Прво па женско“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk