Делови од „Тауербриџ“ во Лондон, што се креваат и спуштаат за бродови да можат да минат по Темза, вчера не успејаа да се спуштат откако под мостот мина еден брод.
Even Tower Bridge has given up on 2020.
pic.twitter.com/QU6L2DxpKp— Jamie Bolton (@JamieBolton) August 22, 2020
Проблемот траеше повеќе од еден час, што предизвика хаос во сообраќајот во Лондон. На објавени фотографии на социјалните мрежи можеше да се видат редови на моторциклисти и пешаци од двете страни на мостот, пренесува Би-Би-Си.
Лондонската полиција соопшти дека инженерите веднаш почнале со санација на проблемот и мостот повторно бил отворен за пешаци, а властите ги замолиле мотоциклистите да најдат друг начин за движење.
„Тауербриџ“ е една од најголемите туристички атракции во Лондон, изграден е меѓу 1886 и 1894 година, потсетуваат американските медиуми./МИА/