Изет Меџити од ДУИ изјави дека ќе гласа за новиот владин состав, кој најверојатно утре ќе биде доставен до Собранието, а в недела ќе биде гласањето.
Меџити потврди и дека не се согласува со некои предлози на партијата за поделба на ресорите во новата влада, но дека ќе гласа за владата, изнесувајќи ги однапред своите забелешки.
Во изјавата за медиумите пред почетокот на денешната собраниска седница, Меџити изјави дека има забелешки за извршната власт, но по долгите дебати во партијата вели дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети.
Претседателот нан ДУИ вчера изјави дека нема да има промени во листата на договорените кандидати со мандатарот Зоран Заев за извршната власт.