Млади деца од Делчево изминативе неколку недели се организираа и направија акција да ја исчистат руинираната спортска сала во нивниот град, со цел да си направат простор во кој ќе можат да возат скејт и да спортуваат.
Децата бараат од надлежните да им дадат дозвола да го дополнат овој простор со елементи кои им се потребни за возење скејт, и дозвола за користење на овој простор кој и онака стои руиниран и заборавен.
Најголемото изненадување за нив е помошта која стигна од Скопје, од тимот на Ерор Колектив кој дојде заедно со нив да помогне во чистењето.
По оваа акција на скопскиот тим се приклучија и вработените во фирмата Алпин Пелет, и им донираа на децата „рампи“ со кои ќе можат да ги подобрат своите вештини.
Видеата се преземени од Фејсбук страната на Delcevo365.mk
Искра Ежова