ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Млади уметници од регионот и светот ќе се натпреваруваат во „Охридски бисери“ 2020

August 28, 2020 13:18
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во вонредни услови на светската пандемија со корона вирусот, кога бројни настани од областа на културата и уметноста или се откажани или алтернативно се одржуваат онлајн, утре во Охрид, започнува Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ 2020.

Организаторот на овој престижен и афирмиран натпревар, успеа да привлече триесетина млади музичари од Македонија и од повеќе европски земји.

– Годинава по деветнаесетти пат, младите уметници од Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, но и Германија, Италија, Русија, Чешка, како и од нашата земја ќе се натпреваруваат во категориите пијано и виолина во прекрасниот амбиент на црквата Св. Софија. Во изминатите деветнаесет години „Охридски бисери“ стекна реноме на квалитетен професионален натпревар кој им нуди можност на младите уметници за претставување на личните достигнувања, дружење и размена на искуства со колеги од целиот свет, како и контакт со врвни педагози и репродуктивни уметници од областа на класичната музика, кои учествуваат како членови на жири – комисиите, вели Викица Костоска – Пенева, од Организацискиот одбор на „Охридски бисери“ 2020.

Поставувањето високи стандарди при конципирањето на програмата и строгата селекција на наградени учесници според организаторите се предизвик за посебно надарени млади музичари од целиот свет кои доаѓаат во Охрид и со учеството на натпреварот ја надградуваат својата професионална уметничка кариера.

„Охридски бисери“ е единствен меѓународен натпревар од нашата земја, член на меѓународната асоцијација ЕМСИ – европска асоцијација на музички натпревари, од 2005 година, во која членуваат педесетина други натпревари од 30 европски земји.

Особено важно за сите учесници на натпреварот „Охридски бисери“ се секако наградите. Во секоја дисциплина и категорија се доделуваат три главни награди, а од победниците на завршниот концерт стручното жири одбира тројца , добитници на вредни парични премии и Гранд при за најуспешниот учесник на целиот натпревар. Освен тоа на натпреварот се доделуваат и специјални награди, од асоцијацијата ЕМСИ, од Фондацијата „Томислав Зографски“, како и од нашите здруженија Сојуз на композиторите на Македонија и Сојуз на музичките уметници на Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Кривична пријава за поткуп при избори за советник на ВМРО-ДПМНЕ, во септември распределба на директорските места во новата Влада...

НАЈНОВО

Уапсен белгиски полицаец под сомнеж за шпионажа за Кина и Русија

October 12, 2025
Фото: МИА

Хамас сигнализира забрзано ослободување на заложниците – можеби уште вечерва, Израел подготвен да ги прими

October 12, 2025
Скриншот

Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пикси поднесе оставка по поразот на Србија од Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk