Принцовите ја нарачале уметничката творба на 20 годишнината од смртта на принцезата Дијана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997. Изработката на статуата беше одложена заради пандемијата со коронавирус. Кенсингтонската палата соопшти дека свечената церемонија на откривање на статуата е презакажана за 1 јули 2021 година.
В понеделник се навршуваат 23 години од трагичната смрт на Дијана, кога принцовите Вилијам и Хари имаа по 15 и 12 години.
Двајцата претходно имаа изјавено дека е вистинско време да се оддаде почит на позитивното влијание кое нивната мајка го имала „во Обединетото Кралство и во светот“.
Проектот беше соопштен во заедничка изјава, во која Вилијам и Хари велат „Нашата мајка допре многу животи. Се надеваме дека оваа статуа ќе им помогне на сите кои ја посетуваат Кенсингтонската палата да се потсетат на нејзиниот живот и она што таа го остави зад себе“.
Статуата е изработка на реномираниот уметник Иан Ранк-Бродли, чиј портрет на кралицата се наоѓа на сите монети во Кралството.
Извор: SkyNews