ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска се сретна со средношколците и родителите: Нудиме комбиниран модел за почеток на наставата

На работниот состанок министерката посочи дека Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата.

August 31, 2020 19:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Mинистерката за образование и наука Мила Царовска денес на два одделни состанока се сретна со претставници на Сојузот на средношколци кои бараат комбинирана настава, но и со Иницијативата на родителите коишто бараат отворање на училиштата.

На работниот состанок министерката посочи дека Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата. За таа цел е формирана Комисија од Владата којашто ќе утврдува дали се исполнети условите во училиштата. Царовска рече дека сепак во објектите коишто не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе стартува онлајн за што забрзано се работи на подготовка на единствена национална онлајн платформа. Во овие училишта, настава со физичко присуство ќе посетуваат само децата од прво до трето одделение, но и за нив е дадено правото на избор, за што родителите ќе треба да се изјаснат со писмена изјава.

Министерката за образование и наука истакна дека е свесна дека секој наставник, ученик, родител има свои желби и размислувања за тоа како треба да изгледа наставата, но треба да се најде баланс меѓу заштитата на јавното здравје и учењето. Царовска рече дека со заеднички заложби е сигурна дека успешно ќе ја завршиме оваа училишна година.

На состанокот, средношколците побараа да бидат вклучени како рамноправен партнер во сите политики коишто се однесуваат на младите и учениците. На средбата беше донесен заеднички заклучок дека продолжува соработката и дијалогот меѓу средношколците, наставниците, родителите, Министерството за образование и наука и другите институции, со цел да се најде најдоброто решение за наставата и образовните процеси во услови кога земјата се соочува со пандемија.

Претставниците на Иницијативата на родители изразија задоволство што Владата нуди комбиниран модел за започнување на учебната 2020/2021 година.

Next Post

Тихановскаја ќе лобира во ОН и во Советот на Европа за мирна транзиција на власта во Белорусија

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk