ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филхармонија ја почнува концертната сезона, по две децении добива шеф –диригент

September 1, 2020 12:51
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По пауза од шест месеци поради коронавирусот, Филхармонија в четврток, со почеток во 20 часот, ќе ја почне новата концертна сезона со концерт симболично насловен „Звук на два метри“. Публиката ќе може да го слушне ремек-делото за два гласа и оркестар „Песни за земјата“ од Густав Малер. Како солисти ќе настапат Корби Велч – тенор (САД) и Хajке Веселс – мецосопран (Германија), а диригент ќе биде романскиот диригент Габриел Бебешелеа, кој ќе ја извршува функцијата шеф-диригент на Филхармонија.

Директорот на Филхармонија Виктор Илиески на денешната прес-конференција информира за отворањето на концертната сезона 2020/2021 година и истакна дека по две децении институцијата добива свој шеф-диригент. Соопшти дека со диригентот Габриел Бебешелеа е направен двегодишен договор за развој и напредок на институцијата.

Тој информира дека новата концертна сезона ја отвораат со препорака од Комисијата за заразни болести со 30 отсто застапеност на публиката во однос на целиот капацитет или околу 300 билети би биле во оптег во однос на отворањето. Ќе има строги критериуми за публиката, при влез и ќе се држи дистанца, ќе се мери телесна температура. Се препорачува публиката да не се групира и да не се задржува во холот и во самото гледалиште, со конкретни дистанци кои се препорачуваат од СЗО и од надлежните во земјава. Публиката, како што рече, би била со маски. Илиески рече дека и во креирањето на програмата се внимава да има потребна дистанца и меѓу музичарите.

Илиески ја претстави програмата од новата сезиона. Дел од концертите се проекти кои требаше да се реализираат минатата сезона – концертот со Јерухам Шаровски и Даниеле Акта, настапите на Дмитри Маслеев, Миша Бругергосман, Шерон Ковакс… Во новата сезона ќе настапат исклучителни солисти како руската виолончелиститка Анастасија Кобекина, виолистот Тимоти Рајдаут, виолинистот Филип Квинт и други уметници кои во моментов се актуелни на светската музичка сцена.

Оркестарот во новата концертна сезона ќе го водат диригентите Антони Вит, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Кристијан Рајф…

Диригентот Габриел Бебешелеа информира дека имал можност да работи со оркестарот на Филхармонија и изрази задоволство од соработката со музичарите кои, како што рече, и се посветени на работата. Изјави дека имале големи планови за програмата, но тие делумно пропаднале поради пандемијата со Ковид-19. Според него, делото „Песни за земјата“ одлично кореспондира со целокупната ситуација.

За двајцата солисти Корби Велч и Хајке Веселс, ова е прв настап по шест месеци. Тие ги споделија своите очекувања од концертот и истакнаа дека станува збор за фантастично дело и одличен избор за почеток на сезона во вакви услови.

На прес-конференцијата беше најавено новото повеќегодишно спонзорство на Филхармонија со НЛБ Банка и Мастеркард.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Триесетдневен притвор за 26-годишен прилепчанец кој предизвикал пожар во обложувалница во Прилеп​

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk