ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ОКТА ќе додели стипендии за втор циклус студии на студенти на УКИМ

September 1, 2020 15:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ОКТА четврта година по ред ќе додели целосни стипендии за постдипломски студии на студентите на УКИМ. Компанијата потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, со кој се продолжува повеќегодишната поддршка на најстариот државен универзитет. Како дел од својата корпоративна општествено одговорна стратегија, целта на ОКТА е да се поттикнат студентите да вложуваат во сопственото образование и професионална надградба, со што ќе се придонесе во создавањето високообразовани и квалификувани кадри, кои ќе бидат главен двигател за развој на земјата.

 „ОКТА останува цврсто посветена на поддршка на образованието, како и на поврзување на академската заедница со бизнис секторот во државата. И покрај тоа што кризата COVID-19 има негативно влијание речиси врз сите бизниси, како општествено одговорна компанија, одлучивме да ја продолжиме традицијата на доделување стипендии за втор циклус студии. Веруваме дека на овој начин ќе им помогнеме на талентираните и амбициозни студенти да го надградат своето образование, бидејќи токму актуелната ситуација нѝ покажа дека инвестициите во нови знаења се од клучно значење“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

Компанијата ќе додели вкупно пет стипендии на три факултети кои се блиски и сродни со основната дејност на ОКТА – Факултетот за електротехника и информациски технологии, Технолошко – металуршкиот факултет и Природно – математичкиот факултет (Институт за хемија). Право да аплицираат за стипендија имаат кандидатите кои првпат ќе запишат втор циклус едногодишни студии во првиот уписен рок од учебната 2020/2021 година.

„Особено сме горди што соработката со бизнис секторот, како една од главните стратегиски цели на УКИМ, успешно се одвива и во време кога сите со соочуваме со кризата предизвикана од корона вирусот. Се разбира, ние постојано се стремиме да им обезбедиме квалитетно образование на нашите студенти, бидејќи на тој начин најдобро придонесуваме во создавањето успешни млади луѓе кои ќе бидат носители на идниот развој на државата и на општеството“, рече проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на УКИМ.

Конкурсот за пријавување каде се наведени сите критериуми е веќе отворен и ќе биде активен до 15-ти октомври, кога завршуваат и уписите на факултетите. Изборот на најдобрите кандидати ќе биде направен од комисија од претставници на ОКТА и претставници на секој од трите факултети. Повеќе детали во врска со годинешните стипендии за постдипломски студии се достапни на огласите објавени на интернет страницата на ОКТА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Шилегов: Со вонредното прскање против комарци очекувам целосно да се санира проблемот

НАЈНОВО

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025
Фото: МИА

Мицкоски: Оската Филипче-Ахмети-Апасиев ја влече Македонија назад

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk