Во англискиот град Оксфорд, бездомниците ќе бидат згрижени за да се спречи дополнително ширење на заразата од Ковид-19. Директивата „Сите внатре“ (Everyone Inside) овозможи итно вдомување на бездомни лица, се вели во веста на A Plus.
До месец август нема заразени со коронавирус меѓу овие лица, па со постепеното повлекување на вирусот, градот Оксфорд требаше да одлучи што ќе прави понатаму со бездомниците кои се згрижени.
Наместо да се вратат на улица, градот реши да ги остави со „покрив над глава“ со тоа што склучи договор со студентска организација за домување и ја закупи куќата Кантербери каде 124 соби се закупени до јули 2021.
Градскиот совет на Оксфорд вели дека карантините им дале единствена можност да работат со бездомниците, со тоа што привременото итно вдомување може да води до постојан дом.
Советот се надева дека в зима ќе може да обезбеди кревети за секој кому му е потребно, што ги носи чекор поблиску до искоренување на бездомните случаи во градот.
Извор: А Plus.