Досегашниот министер за економија и новоназначен Вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи, во пост на Фејсбук сподели за оптимизмот и мотивираноста на новата Влада и вели дека се потврдила неговата увереност дека тоа е „фантастичен тим кој ќе постигне многу.“
Енергичен ден во Владата денес на конститутивната владина седница во чија атмосфера зрачеше елан и многу мотивација за работа која ја потврди мојата увереност дека ова е фантастичен тим кој ќе постигне многу.
Пред нас, е пред сѐ национален, но и глобален економски предизвик, со кој ќе се справат само вистински професионалци, напиша Битиќи во својата објава на Фејсбук.
Д. Е.