ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Реализацијата на капиталните инвестиции продолжува со сериозна динамика

September 3, 2020 12:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ќе продолжиме со сериозна динамика во искористувањето на капиталните инвестиции бидејќи во време на КОВИД криза кога е намалена јавата потрошувачка државата треба да даде се од себе за да ги реализира своите капитани инвестици, изјави новоизбраниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, при неговата прва теренска активност во Општина Бутел каде изврши увид во изградбата на социјална зграда.

Бочварски потенцираше дека сите средства  што се предвидени за станбена изградба на Министерството се реализирани. Најавува дополнување на средствата за оваа намена  со првиот ребаланс на Буџетот доколку е потребно, со цел непречено одвивање на изградбата и што поскоро завршување на становите.

-Во социјалната зграда во Општина Бутел се предвидени 312 станови кои ќе бидат наменети за наши сограѓани на кои навистина тоа им е потребно. Државата навистина води грижа за изградбата на социјални станови. Во моментов низ целата држава се градат над 500 вакви станови од кои 312 се овде во Општина Бутел, рече Бочварски.

Тој дополни дека се реализираат и голем број проекти за изградба на канализации и водоводи, како и локални улици  и патишта, проект што ќе почне наскоро, така што ќе продлжиме и во наредниот период. Сите јавни претпријатија во наредниот период ќе бидеме на терен заедно со градоначалниците и граѓаните со цел да правиме што е поголем притисок за реализацијата на ваквите објекти и на сите капитални инвестиции да добие уште посилна динамика и димензија, најави Бочварски.

Покрај зградата со социјални станови во Бутел во тек е изградба на вакви станови и во Демир Капија Гевгелија и во Велес. До крај на годината се додадени уште три локации за ваква намена, во Штип,   Прилеп и во Кочани, информира директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор  од значење за  Републиката.

Трајковски вели дека иако имале пречки поради кризата со КОВИд-19, не забележале застој  во делот на продажбата на комерцијалните станови, како и дека побарувачката ќе биде на задоволително ниво.

– Напротив сите залихи на станови се сведени на минумум, во тек се две комерцијални градби во Аеродром, имаме уште неколку комерцијални градби за наредната година, така што АД интензивно работи на создавање на нови згради од комерцијлане тип. Мислам дека  побарувачката на станови ќе биде на задоволително ниво, изјави Трајковски.

Цената на комерцијалните станови во Аеродром, како што рече, генерално се движи меѓу 850 до 900 евра, Најави дека ова АД ќе продолжи да биде регулатор на понудата на станови на пазарот со конкурентни цени.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Монитор: Албанија трета во Европа по бројот на убиства во однос на бројот на населението

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk