ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи: Поддршката од ОН создава видливи резултати во напредокот на општеството

September 3, 2020 16:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи денеска имаше работна средба со Резидентниот координатор на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак, соопшти Министерството за надворешни работи.

–Имавме одлична соработка со агенциите на Обединетите нации за време на мојот мандат во Секретаријатот за европски прашања и како Национален координатор на странската помош, особено изразена за време на првиот бран од кризата предизвикана од КОВИД19. Дозволете да ја пренесам благодарноста на целата Влада за севкупната поддршка, секако и мојата лична благодарност за посветеноста на вас и вашата администрација во асистирањето на земјата при справувањето со пандемијата, истакна Османи, посочувајќи дека очекува задржување на соработката и во претстојниот мандат како Министер за надворешни работи.

Османи, како што информира Министерството за надворешни работи, ја реафирмираше посветеноста на Република Северна Македонија за имплементација на целите на одржливиот развој на ОН, преку развојот на демократијата, човековите права, доброто владеење и одржливиот развој во земјата, како целосно компатибилни и со целите на европската интеграција што е важен стратешки приоритет на Република Северна Македонија.

 

–Република Северна Македонија активно се менува, и видливо, се менува кон подобро. ООН и нејзините агенции, како и досега, така и во иднина можат многу да придонесат за поддршка и успешно водење на овие процеси, истакна Османи.

Османи се заблагодари и за досегашната поддршка во имплементацијата на Рамката за развојна соработка на ОН, и изрази очекување дека новата рамка за развојна соработка за периодот 2021-2025, чија подготовка е во завршна фаза, дополнително ќе придонесе кон остварувањето на стратешките приоритети на Република Северна Македонија.
Резидентниот координатор Дуџиак, заблагодарувајќи се за целокупната соработка на Република Северна Македонија со Организацијата на Обединетите нации и за нејзиниот придонес во промоција на глобалниот мир и просперитет, ја изрази подготвеноста на Организацијата и нејзините агенции да придонесат во постигнувањето на целите на одржливиот развој, со посебен акцент на принципот „никој да не заостане“ како водечко начело при имплементацијата на програмите за поддршка на Република Северна Македонија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Јанушев кој гасеше лифтови на избори и уништуваше документи, „во име на народот“, му испрати мандатно писмо на Заев

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk