ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

НЛБ Банка повторно овозможи одложување на плаќањето на кредитните обврски

September 5, 2020 12:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради продолжувањето на несаканите ефекти од пандемијата предизвикана од Covid-19 вирусот, а со цел да излезе во пресрет на своите клиенти – физички лица за полесно надминување на негативните последици, НЛБ Банка повторно овозможи одложување на плаќањето на кредитните обврски за сите кредитни продукти.

Во врска со оваа можност, Банката ги известува своите клиенти – физички лица, дека на својата веб страница објави детални информации за одложената отплата на месечните кредитни обврски. Ова се однесува на клиентите корисници на кредитни продукти (кредити, кредитни картички и дозволено пречекорување на трансакциски сметки) кои имаат влошување на својата финансиска состојба како последица од Covid-19 кризата, а со тоа и реална потреба од одложување на кредитните обврски. Притоа, за да го искористат правото на одложено плаќање треба да исполнуваат некој од дефинираните критериуми:

·        Да имаат престанок на работен однос на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а и/или ко-кредитобарателот

·        Да имаат намалување на платата од најмалку 10% на кредитокорисникот и/или со него поврзано лице/а /или ко-кредитобарателот

·        Да имаат високи медицински трошоци поради болест предизвикана од Covid-19

 

 

До сите клиенти – физички лица, кои согласно евиденцијата на Банката исполнуваат некој од наведените критериуми, доставени се индивидуални понуди. Клиентите кои ќе добијат индивидуална понуда, имаат рок од 10 дена, најдоцна до 14.09.2020, да ја прифатат доставената понудата преку веб страницата на Банката.

Истовремено, НЛБ Банка ги охрабрува и повикува сите клиенти – физички лица корисници на кредитни изложености, кои нема да добијат индивидуална понуда, а сметаат дека исполнуваат некој од наведените критериуми, да поднесат барање за одложено плаќање. Барањето може да  го поднесат преку веб страницата, при што преку истата форма потребно е да прикачат соодветен документ како доказ за исполнување на некој од критериумите.

Со можноста за одложено плаќање на кредитните обврски, НЛБ Банка уште еднаш покажува грижа за своите клиенти во насока на олеснето справување со актуелната криза, додека преку целосно дигитализираниот процес, без дополнителна потреба за посета на експозитура, придонесува кон заштита на јавното здравје, но и заштеда на време, како и подобро корисничко искуство.

Повеќе информации за можноста за одложување на кредитните обврски за физички лица можат да се добијат на веб страницата https://bit.ly/3hZPs0u или телефон 02/15600.

 

Next Post

„Стандард и Пурс“: Денарот и банкарскиот систем се и остануваат стабилни

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk