Премиерите на Северна Македонија и на Грција Киријакос Мицотакис и Зоран Заев ќе имаат билатерална средба на маргините на „Thessaloniki Summit 2019”, што следниот четврток и петок, на 14 и 15 ноември, ќе се одржи во Солун, јави МИА.
Средбата официјално ја соопштија од кабинетот на грчкиот премиер. Учеството на самитот, Мицотакис ќе го искористи за средба и со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.
Ова ќе биде втора средба на македонскиот и грчкиот премиер, откако првата ја одржаа во септември во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ОН. Во меѓувреме, по неуспехот Македонија да добие датум за почеток на прегворите со ЕУ, на самитот минатиот месец, во домашната и во грчката јавност се проблематизираше понатамошното спроведување на Преспанската спогодба, во делот на одредбите што се поврзани со отворањето на поглавјата од преговарачката рамка.
Премиерот Заев изјави неодамна дека нашата земја продолжува со доследно спроведување на Преспанскиот договор, како документ кој ги отвори евроатлантските перспективи на земјава.