ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Џафери: Не може распуштен Парламент повторно да се свикува

Од одлуката дека е распуштено, Собранието нема мандат. Ситуациите кога може да се собере Собранието во итни потеби ги пропишува Уставот и Уставот пропишува соодветни надлежности во такви ситуации на претседателот на државата, но точно се знае во кои услови и  предуслови. Значи, во случај на воена состојба, вонредна состојба, законодавецот и уставотворецот предвидел таква ситуација, вели Џафери.

November 8, 2019 00:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието  Талат Џафери отфрла можност за повторно свикување на Парламентот  заради ратификацијата на Протоколот за НАТО, откако тој веќе ќе биде распуштен согласно со роковите за предвремените избори кои се закажани за 12 април, пренесува МИА.

Џафери во интервју за Македонската радио-телевизија вечерва појасни дека Изборниот законик предвидува 60 дена за спроведување на изборите. Според него, не може да се прави аналогија за парламентарните избори со изборот на Претседалот на државата, кому кога му престанува функцијата по кој било основ,  Уставот пропишува 40 дена.

-Кога ќе дава можност Уставот и  законот Собранието да функционира како техничко, секако ќе може да се спроведе. Уставот и законот не предвидува техничко Собрание. Со самораспуштањето пратениците и Собранието одлучуваат да го вратат мандатот кај граѓаните и да се излезе на избори и да се бара нов мандат. Од одлуката дека е распуштено, Собранието нема мандат. Ситуациите кога може да се собере Собранието во итни потеби ги пропишува Уставот и Уставот пропишува соодветни надлежности во такви ситуации на претседателот на државата, но точно се знае во кои услови и  предуслови. Значи, во случај на воена состојба, вонредна состојба, законодавецот и уставотворецот предвидел таква ситуација, вели Џафери.

Додаде дека не може како институција да се раководи од хипотезата што ќе се случи во Шпанија,  една од трите земји каде се уште не е ратификуван Протоколот за нашето членство во НАТО, а каде на 10 ноември се закажани вонредни избори.

-Според нивниот роковник, на 3 декември треба да има конститутивна седница. Тоа не значи дека на крајот на декември ќе има состав на влада. Без оглед на тоа, ние не можеме да се раководиме од таа хипотеза што ќе се случи таму. Ако е намерата да чекаат исход од нивните избори, тогаш и датумот за избори уште при преговарањето на политичките партии кај претседателот требало да се раководи од тоа да остават простор да чекаат што ќе се случи со Шпанија па да определат дополнително датум во зависност од случувањата таму, рече Џафери.

Според него, не може да се свикува распуштен Парламент  и ако се спроведе  спротивно на она што е пропишано, постои, како што рече, ризик тоа да падне пред Уставен суд ако некој  покрене иницијатива.

Џафери рече дека има сознанија дека во Франција процедурата со ратификацијата треба да заврши во текот на овој месец.

Претсдеателот на Парламентот со став и дека измената на изборниот модел  е работа на политичка дебата и оти за тоа е потребен консензус и надминување на политичките разлики.

Оцени и дека во пресрет на предвремни избори и во очекување на мајскиот самит на ЕУ, не би било соодветно да се влезе во таква дебата која, како што рече, очигледно би создала клима на недоразбирање и би пратила лоша слика кон меѓународните партнери.

Next Post

Забрчанец: Дали ВМРО-ДПМНЕ се единствените на кои им пречи борбата против лажни вести?

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk