Стопанството и граѓаните со нетрпение го очекувааат новиот сет мерки што го најави Владата и кој, како што вели во интервјуто за „Независен“, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, наскоро ќе биде презентиран.
Вицепремиерот Битиќи, исто така, потенцира дека приоритетите како и до сега, со спроведувањето на антикризните мерки остануваат исти – а тоа е зачувување на секое работно место и поддршка за стопанството и граѓаните за полесно пребродување на кризата и влез во пост кризниот период во кој ќе следи раст и развој.
Во интевјуто за „Независен“ тој се осврнува и на други актуелни теми – зошто нема министер за привлекување странски директни инвестиции и каква ќе биде политиката на Владата кон оваа проблематика, потоа за вистинскиот број лица кои поради кризата останале без работа, како и колку средства ќе бидат потребни за спроведување на мерките и дали ќе биде неопходно ново задолжување.
„Пред сѐ, приоритетот мора да биде прилагоден на актуелната состојба со корона кризата, бидејќи таа генерира непредвидливост на глобално ниво. Тоа значи дека целиот наш фокус е обезбедување на потребите на граѓаните и стопанството за пребродување на кризата.
Стабилната и предвидлива даночна политика со ниски даноци, како и принципиелната борба со сивата економија остануваат и врвни приоритети на оваа Влада. Четвртиот пакет мерки за поддршка на домашната економија, како и на оние кои се најпогодени во текот на овој кризен период ќе се дефинира за релативно краток период, но откако уште еднаш ќе се изанализираат ефектите од претходните три пакети. Новиот пакет ќе содржи мерки кои ќе ги опфати компаниите и граѓаните кои се најпогодени„ истакна Битиќи