ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Школската година, режимската судијка и агитпропот од дивоградбата… А каде е Мицкоски?

September 6, 2020 22:52
in ESPRESSO, ON THE HOUR, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

ДОДЕКА ЧЕКААТ КОНКРЕТНИ РЕШЕНИЈА за учебната година што треба да почне со задоцнување од еден месец (за 24 дена), родителите пополнуваат разни анкетни прашања по вибер и други онлајн алатки. Практично ништо не е јасно околу овие прашања. Кој и во чие име прави анкети? Кој и како ќе ги третира одговорите? Дали и како ќе изгледа новата наставна програма? Што значи еден месец задоцнување (дали учебната година ќе трае до средина на јули идната година, на пример)? Дали може родителите да се предомислат?

Затоа, родителите имаат „полни раце работа“, па до изнемоштеност коментираат на социјалните мрежи. Читајќи некои од коментарите, се прашувам, дали можеби треба да им ги дадеме паметните телефони на децата, па тие да одговорат. Мислам дека ќе дадат попаметни одговори. Во меѓувреме, школската година виси на конец, а коронавирусот тропа на нашите врати…

Во секој случај, моето уморно уво не слушна, ниту моето уморно око не прочита некој да спомне дали се работи на ревизија на наставните програми и нивно чистење од ѓубрето наталожено за време на режимот. Како со дивоградбите. Никој не спомнува рушење на Скопје 2014.

СУДСКАТА ОДЛУКА НА РЕЖИМСКАТА СУДИЈКА ја потресе јавноста. Пет години по објавувањето на првите аудио „бомби“ на Заев, одеднаш на сите им текнува дека Сваровски судството уништува животи и разорува семејства.

Ама сѐ уште никако не им текнува кој и зошто го создаде тоа Сваровски судство. Не им текнува дека токму тие, бранејќи го режимот на овој или оној начин, намерно или ненамерно, го бранат и Сваровски судството со своите вечно наострени Фејсбук заби. И дека за пресметка со Сваровски судството не е потребно само да се ломоти, туку и да се даде конкретен придонес. Да, на многу начини може да се направи тоа. На избори, на пример.

АГИТПРОП МАШИНЕРИЈАТА ОД ДИВОГРАДБАТА што нагалено ја нарекуваме „Белата палата“ која своевремено режимот ја бранеше со оклопни возила и до заби вооружени специјалци во радиус од 500 метри, не престанува да продуцира лажни вести и дезинформации. И „одбрана на народот“ од ненародната власт, разбира се…

Во отсуство на Мицкоски од јавноста (стварно, каде е?), Александар Керозин Николоски ги брани на кои 11-годишниот режим на неговата партија им ја расплака мајката.

Те земјоделците биле измамени, те имало корупциски скандали, те Владата да одговори… И цело време, како и неговиот шеф, Заев, па Заев… Да не му гори под нозете околу патните трошоци, како неговата сопартијка, Силвана Бонева, која „попи“ кривична на истата тема?

Да се потсетиме, Керозин ќе остане запаметен по тоа што искеширал 127.000 евра за патни трошоци од Собранието. Тој и „џорчевецот“ Владо Кендо Мисајловски претендираат на тронот на ВМРО-ДПМНЕ. Како што напишав и порано, и двајцата се кадар на Груевски кои за себе веруваат дека подобро би ја воделе политичката борба за оддалечување од евроатлантските интеграции и враќање на режимот.

Уште еднаш да прашам, знае ли некој каде е Мицкоски? Не дека ми фали, онака прашувам…

 


Сите права се задржани. Тесктот е личен став на Авторот.
Next Post

Сообраќајот по суви коловози

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk