На денешната средба на премиерот Заев и министерот Филипче со претставници на Сојузот на синдикати, било дискутирано за новиот Закон за работни односи со кој се штитат работниците и нивните работни места, како и за најголемото досега покачување на плати во здравството кај нас.
Во услови со ковид-19, како Влада продолжуваме да ги преземаме сите мерки за заштита на работниците и нивните работни места. Од самиот старт на функцијата министер за здравство, заеднички со гранковиот синдикат за здравство низ дебата и разговори ги носиме одлуките.
Заеднички направивме најголемо покачување на платите на здравствените работници кое досега се случило во државата. Вложувањето во здравствените работници е инвестиција. Продолжуваме да го унапредуваме здравството. Се стремиме кон иста цел – повисоки плати, нов Закон за работни односи, заштитата на работниците и нивните работни места, како и унапредување на првата на работниците, напиша министерот Филипче во објава на својот профил на Фејсбук.