ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гувернерката Витмер го прогласи 8 септември за македонско-американски ден во Мичиген

September 8, 2020 21:38
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Гретчен Витмер, гувернер на сојузната држава Мичиген од Демократската партија, по повод Денот на независноста на нашата земја, го прогласи 8 Септември за македонско-американски ден, јави денеска Обединета македонска дијаспора (ОМД). 

-Ова признавање покажува дека македонската заедница во Мичиген е мошне силна. Тешката работа, страста и посветеноста го зголемува влогот за постигање уште подобра македонска заедница во Мичиген, изјави Дијана Јанчески, претставник  на ОМД во Мичиген. 

Основана во Вашингтон во 2004 година, ОМД e организација на нашите иселеници со активности за унапредување на Македонците кои живеат во САД, Канада, Австралија и други западни земји.  

Јанчески додели признаници по повод македонско-американскиот ден на неколку Македонци од Мичиген кои таму водат успешни бизниси. 

Меѓу нив се и Гаврило Иљкоски, сопственик на бизнис консултантската фирма „Рортек солушнс“, Тошко Поповски, сопственик на пица рестораните „Хангри хоуис пица“ со локации во Честерфилд и Медисон хејтс., и Ацо Трајкоски, сопственик на маркетот „Макс интернејшнл“ лоциран во Стерлинг хејтс. 

Во прогласот на гувернерката Витмер се наведува: „Додека, државата Мичиген го признава нејзините македонски американски жители кои што живеат во неколку заедници низ државата на големите езера, додека, македонските Мичигенци вредно придонесуваат во бројни области, вклучително бизнис, право, медицина, образование, технологија, влада, воена служба, спорт, и култура, додека, Македонците работат да ја штитат, чуваат и слават нивната историја, култура, и јазик, и одгледуваат семејства со силна работна етика додека ги поттикнуваат нивните деца да ги следат нивните соништа, додека, потоа, многумина Македонци имаат пораснато да бидат истакнати лидери и сочувствителни јавни службеници кои додаваат голема вредност на општеството и додека, Мичиген има корист од нашите вредни, страствени, и интелигентни македонски-американски членови на заедницата, кои, низ неколку генерации презедоа ризици, поведоа нови граници, и отворија бизниси во повеќе области како спорт, малопродажба, храна и пијалок, финансии, градба, здравствени услуги, и текстил, додека, македонската заедница е доказ дека Мичиген е дом за можност за сите кои што сакаат да поседуваат и управуваат бизнис, додека, македонските Американци во Мичиген поседуваат свои мали бизниси кои колективно вработуваат илјадници жители на Мичиген и служат како ‘рбетот на економијата на Мичиген и патот до финансиска слобода сега, и затоа, Јас Гретчен Витмер, гувернерот на Мичиген, го објавувам 8 Септември 2020, како македонско-американски ден во Мичиген“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Поради случајот „Навални“, Франција го одложи француско-рускиот министерски состанок

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk