Премиерот Заев на денешната видео-средба со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Вархеји разговарале за економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, добрососедските односи и можноста за одржување на прва меѓувладина конференција со Европската Унија.
Со еврокомесарот за соседство и проширување на Европската Комисија, Оливер Вархеји имавме работен состанок преку видео-конференциска врска, на кој разговаравме за подготовката на економско-инвестицискиот план за Западен Балкан, добрососедската политика, како и за можноста за одржување на прва меѓувладина конференција со Европската Унија.
Му пренесов благодарност до ЕУ за поддршката во борбата со кризата од коронавирусот и ги претставив приоритетите на Владата во следниот мандат. Го уверив дека остануваме посветени на силна имплементација на европската агенда и техничките процеси коишто нѐ очекуваат, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.







