ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Министерот Бочварски го презентираше Правилникот за урбанистичко планирање пред стручната јавност

September 10, 2020 13:17
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски оствари работна средба со Деканот на Архитектонски факултет и професори од Факултетот, со претставници на Комората на овластени инженери и архитекти како и претставници од  Асоцијацијата на архитекти.

На средбата, Министерот ги информираше присутните за новиот Правилник за урбанистичко планирање кој е изготвен и ќе се стави во функција идната недела.

Правилникот ги утврдува стандардите и нормативите за урбанистичко планирање со кој се обезбедува рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот преку ефикасно зачувување на просторните ресурси, се создава унапредување на условите за хумано живеење, се сочувува квалитетот и се унапредува животната средина како и недвижното културно наследство.

Министерот Бочварски потенцираше дека со новиот Правилник се обезбедува создавање и на ефикасни инфраструктурни мрежи.

„Реформата во урбанизацијата на просторот е клучна за развојот на општините и генерално за државата и токму со ставање во функција на овој Правилник за урбанистичко планирање ќе овозможиме ефикасно и рационално уредување на просторот со запазување на сите стандарди.  Верувам дека општините со нетрпение го очекуваат Правилникот за да може да започнат со урбанизација на нивните општини според новиот Закон за урбанистичко планирање кој е креиран да обезбеди голема транспарентност и учество на сите засегнати страни во процесот од планирање па се до носење на плановите. Заради тоа денеска остварив средба со преставници на дел од институции кои партиципираа во изготвување на Законот и Правилникот, го презентирав и најавив дека веќе од идната недела ќе го ставиме во функција. Очекувам дека реформата во градежништвото и урбанизацијата ќе даде позитивни резултати за развој на целокупното општество”, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Законот за урбанистичко планирање е прв од реформските закони што се започнати во делот на земјишната политика, а со кои се има за цел да се унапреди планирањето на просторот и да се поттикне градежништвото.

Притоа со Законот се воспоставени нови правила на вклученост, транспарентност, стручност и отчетност на сите чинители во процесот на изработување, донесување, спроведување и надзор над урбанистичките планови,  пракса која за прв пат се јавува во оваа дејност и е единствена опција за решавање на состојбите во урбанизмот.

Би сакале да потенцираме дека во изработката на Законот за урбанистичко планирање и Правилникот за урбанистичко планирање беа вклучени сите надлежни институции, Асоцијации, Комори и граѓански здруженија за што се оддржаа и неколку јавни расправи. Во тој контекс ги упатуваме сите заинтересирани во следниот период да се јават во Министерството за транспорт и врски заради нивно запознавање со Законот и Правилникот.

Next Post

Истрага против жител на Арачиново заради недозволено поседување оружје и муниција

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk