ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска на гувернерски состанок на БИС: Да се работи на натамошно јакнење на сајбер-безбедноста на финансискиот сектор

September 11, 2020 14:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминативе години, централните банки и другите финансиски регулатори  значајно ги интензивираа напорите за  унапредување на сајбер-безбедноста  во финансискиот сектор. Но, контекстот што го наметнува ковид-кризата, создава простор за зголемување на нападите од безбедносниот простор, заради што на глобално ниво е потребно да се работи на натамошно јакнење на механизмите за заштита на финансискиот сектор од овој ризик. Ова беше повод и тема на е-состанокот на гувернери на централни банки организиран од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), на којшто активно учествуваше и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Како што беше нагласено на состанокот, условите за работа по избувнување на пандемијата на ковид-19, вклучително и работењето од дома, резултираат со поголем број на сајбер-напади  во финансискиот сектор. Согласно спроведената анкета (FS-ISAC), во глобални рамки, овие напади биле помалку од 5.000 неделно во февруари, но се зголемиле на 200.000 неделно кон крајот на април оваа година, а и дополнително пораснале за една третина во периодот мај-јуни споредено со периодот март-април. Учеството на сајбер-инцидентите кај банките, како вид на оперативен ризик,  сепак е релативно мало во споредба со вкупниот оперативен ризик, но се зголемува. Во напорите за држење на овие ризици под контрола клучна е супервизорската рамка.

Состојбата во нашата земја во поглед на сајбер-нападите постојано се унапредува во изминативе години, при што се донесе и посебна подзаконска регулатива со којашто се бара од банките да ги унапредат сигурносните стандарди. Притоа, од банките се бара да обезбедат соодветно ниво на подготвеност од заканите од дигиталниот простор, како за меѓубанкарските плаќања, туку за сите други финансиски активности што ги извршуваат. Во тој контекст исклучително важно е што нашиот банкарски систем е усогласен со сигурносните стандарди за СВИФТ. Истовремено, во изминатите години се презедоа и низа активности за заштита од сајбер-напади на другите сегменти на финансискиот сектор.

Финансиските регулатори во глобални рамки, веќе ја констатираат неопходноста од преземање координирани меѓународни активности со коишто ќе се постигне уште повисок степен на отпорност на финансискиот сектор од нападите на информативните системи. Клучна улога  за остварување на оваа иницијатива ќе има неодамна воспоставениот Центар за координација на сајбер-отпорност при БИС, во којшто се вклучи и учествува и Народната банка. Истовремено, неопходно е да се интензивира и комуникацијата и соработката меѓу релевантните институции на национално ниво, како и меѓу централните банки и институциите коишто ги сочинуваат финансиските системи.

Нашата централна банка ќе биде активен учесник во димензионирањето и остварувањето на следните глобални чекори за натамошно јакнење на сајбер-безбедноста во финансискиот сектор. Со учеството на гувернерката Ангеловска-Бежоска на овој состанок во организација на БИС се потврдува подготвеноста и решеноста на Народната банка не само да даде придонес во согледување на глобалните трендови, туку и за заложби за имплементација на натамошните меѓународни стандарди и релевантни препораки во работењето на нашиот финансиски систем. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Преглед на вести во 15 часот: Пензионерите и самохраните родители ќе добијат платежни картички, раководителите кои не испорачале резултат треба сами да си дадат оставка, Зелените доаѓаат

НАЈНОВО

Трајановски: Целосно ќе го запреме урбанистичкиот терор и бетонизацијата во Аеродром

October 2, 2025

Дерала, Касале и Џозеф од Рим: Демократијата мора да се брани – со обединета Европа против војната, национализмот и авторитаризмот

October 2, 2025
Генерирано со ВИ

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа го отфрли планот на Трамп за прекин на војната

October 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk