Центарот за јавно здравје Куманово во последните 24 часа евидентира шест нововозаболени лица од Ковид 19, сите од Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.
Како што соопшти Министерството за здравство, починат е еден пациент (60) во болнички услови.
Според директорот на Центарот, Ариф Љатифи новозаболените веќе имале контакти со претходно заболени лица.
Денеска се изврешни 37 тестирања, од кои 26 преку „Мој Термин“ и 11 тестирања извршени согласно епидемиолошки индикации.
Од почетокот на пандемијата, во кумановско-липковскиот регион ковид дијагностицирани се 1.611, а во моментов активни се 195 случаи.