Брисел и особено Берлин треба јасно да и стават до знаење на бугарската влада дека ова е навистина глупава идеја, вели во интервју за Дојче веле германскиот историчар Улф Брунбауер коментирајќи го меморандумот на Софија.
Брунбауер на прашањето како е можно една држава да го негира постоењето на една нација и нејзиниот јазик во соседна држава, вели дека тоа би било слично како Германија да им каже на Австријците дека се всушност Германци, или Данска да ги нарекува Норвежаните аномалија бидејќи некогаш биле дел од заедничка империја, а нивниот стандарден јазик бил развиен подоцна од данскиот.д.
„Тоа би било слично како Германија да им каже на Австријците дека се всушност Германци, или Данска да ги нарекува Норвежаните аномалија бидејќи некогаш биле дел од заедничка империја, а нивниот стандарден јазик бил развиен подоцна од данскиот.
Мислам дека главното прашање тука е, зошто Бугарија упорно ја турка својата опсесија со „македонското прашање“ толку агресивно во овој момент? Можеби е поврзано, од една страна, со политичките превирања со кои се соочува владата во Софија. Позирањето како бранител на националната чест е секогаш добро за одвлекување на вниманието. И второ, мора да се земе в предвид влијанието на „патриотските“ партии во владата- дури и доколку можеби се работи само за симболично позирање и покажување мускули без голем ефект. Големата иронија на меморандумот е неговата хипокризија.“, истакнува Брунбауер
Тој вели дека Меморандумот од Бугарија нема никаква врска со Критериумите од Копенхаген или кои било други критериуми кои треба да исполни земја-кандидат за членство во ЕУ.
„Брисел и особено Берлин (кој има влијание врз Борисов) треба јасно да и стават до знаење на бугарската влада дека ова е навистина глупава идеја, и дека ЕУ нема да прифати да биде заложник на некои десничарски бугарски „патриоти“ и нивната чудна перцепција за „историската вистина“, потенцира австриски историчар и директор на Институтот за источни и југоисточни студии на Универзитетот Регензбург, Германија.
Целото интервју за Дојче веле, ТУКА.







