ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи охрабрен од европратениците за старт на преговори со ЕУ годинава

September 28, 2020 16:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ја започна својата прва работна посета откако е на оваа функција, со средби во Европскиот Парламент, а попладнево се сретнува со високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Османи претпладнево имаше состаноци со европратеници од главните политички партии во Европскиот Парламент. Клара Добрев, од Социјадемократската група, Михаил Галер од Европската народна партија, Ана Фотига од Конзервативната европска партија и Рајнхард Бутикофер од партијата на Зелените.

Од сите добил охрабрувачки пораки дека Северна Македонија треба да започне со преговорите за членство во ЕУ до крајот на оваа година, како што планира германското претседателство.

За тоа претходно треба земјите членки на ЕУ да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија, која во моментов ја блокира Бугарија поради билатерални несогласувања.

Според соопштението испратено од кабинетот на министерот за надворешни работи останува увереноста дека Северна Македонија ќе ја исполни својата стратешка цел годинава.

– Очекувам навремено усвојување на преговарачката рамка, притоа запазувајќи ги принципите на новата методологија во преговарачкиот процес. Ни претстои период на позитивна клима, многу работа, но и мотив за испорачување резултати од реформите на домашен план. Мојот фокус е продлабочување на добрососедските односи не само како наша автентична придобивка, туку и како активен придонес во регионалната соработка како клучна политика за одржување на европската идеја на Балканот, вели Бујар Османи.

Од Европскиот Парламент се заложиле да помогнат Северна Македонија да ги започне преговорите до крајот на оваа година. Истакнале и дека земјата треба да продолжи со реформите, а најавиле и продолжување на дијалогот “Жан Моне“ за олеснување на политичкиот дијалог помеѓу партиите во Собранието.

–Беше истакнато дека концептот на мултиетничка и мирољубива држава, посветена преку компромис и дијалог да доаѓа до решенија,  се препознава како голем успех и претставува пример не само за регионот, туку и пошироко. Нагласувајќи го геополитичкиот аспект за важноста на проширувањето на ЕУ со регионот, беше едногласно констатирано дека Западниот Балкан е важен не само за безбедноста и стабилност на ЕУ, туку и за севкупниот економски, политички и општествен напредок на континентот, стои во соопштението на кабинетот на шефот на македонската дипломатија.

Овие прашања ќе бидат на дневен ред и попладнево за Османи, тој треба да оствари средба со неговиот ЕУ колега, Јосеп Борел, како и со специјалниот претставник на ЕУ за западен Балкан, Мирослав Лајчак, задолжен исто така и за дијалогот Белград-Приштина. Се очекува тема на разговор, меѓу другото, да биде важноста на Северна Македонија како фактор на стабилност во регионот, посебно во време на тензии помеѓу соседните Србија и Косово.

Next Post

Шахпаска: Состојбата со пандемијата будно се следи во градинките

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk