ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мас: Го поддржуваме почетокот на преговорите на С. Македонија со ЕУ до крајот на 2020

September 30, 2020 17:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Германија го поддржува почетокот на преговорите на Северна  Македонија со ЕУ до крајот на годината, истакна германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на видео средбата со неговиот македонски колега Бујар Османи.

Во однос на барањата од Бугарија која поставува дополнителни услови за нашата земја за старт на преговорите, Мас рече дека преговори се водат на билатерално ниво и на ниво на ЕУ и оти е оптимист дека овие прашања во скоро време ќе бидат затворени.

– Што се однесува до јазикот, до името тоа се многу детални преговори кои што се одвиваат. Тоа се прашања кои што билатерално мора да се решат меѓу Северна Македонија и Бугарија. Тие се обидуваат да изнајдат решение и тоа го поддржуваме да биде што е можно побрзо за да може да се продолжи со пристапниот процес за Северна Македонија бидејќи таа веќе долго чека на тоа. Преспанскот догововр – нешто историско беше постигнат во Северна Македонија и затоа сум оптимист дека прашањата кои што се отворени во догледно време ќе можат да бидат решени. Меѓутоа за тоа потребни се понатамошни разговори кои ќе треба да се одржуваат како на ниво на ЕУ исто така и помеѓу Северна Македонија и Бугарија, рече Мас.

Османи, пак истакна дека заеднички констатирале дека завршетокот на 2020 година и претседателстваото на Германија со ЕУ нуди неповторлива и неодминлива шанса земјава да започне со исполнување на вториот важен државен стратешки приоритет – членството во ЕУ, покрај членството во НАТО кое што го остваривме оваа година,

– Одржувањето на првата Меѓувладина конференција, често користен технократски термин, има големо симболично значење за нашиот европски пат. Тоа ќе значи потврда на реформската определба и европскиот курс на земјата. Покрај политичката симболика, стартот на преговорите ќе значи почеток на најобемната и најкомплексната административно – техничка операција со која досега сме се соочиле. Тоа е сериозен предизвик за целото општество, а не само за Владата, во кое ќе мора да ги подигнеме своите перформанси и сите заедно како политичари, државни службеници, но и стопанственици, синдикати и претставници на граѓанското општество да ја сплотиме својата енергија и напори кон остварување на оваа цел, рече Османи.

Почетокот на преговорите, додаде Османи, ќе значи конвергенција на нашето општество кон правилата, стандардите и вредностите на Европската Унија; цел која не претставува причина самата за себе, туку процес кој нуди можности за постепена интеграција; процес во кој од нас самите ќе зависи колку придобивки ќе обезбедиме за себе и во текот на самите преговори“.

Ова е прва средба на Османи со неговиот колега од Германија по преземањето на функцијата шеф на дипломатијата на Северна Македонија. Во фокусот на разговорот, покрај евро-интеграциското досие на Северна Македонија, биле и темата за корона вирусот, ситуацијата во регионот, како и билатералната и економска соработка помеѓу Северна Македонија и Германија, за планираните иницијативи, но и за очекувањата од Софискиот самит на 10 ноември со кој заедни ќе престедаваат С Македонија и Бугарија, во рамки на Берлинскиот процес кој во 2013 година го започна канцеларката Ангела Меркел.

Next Post

Попладневен преглед на вести: Филипче ќе направи сè никој да не замине од јавно здравственот систем поради проблем што може да се изменаџира, Mас: Го поддржуваме почетокот на преговорите на С. Македонија со ЕУ до крајот на 2020...

НАЈНОВО

Скриншот

Хамилтон: Не можеш да работиш секој час од твојот живот, инаку ќе бидеш несреќен

November 3, 2025

ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

November 3, 2025

АВМУ: Сите анализирани медиуми генерално известуваа неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk