ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Аранитаси за МИА: ЕБОР ќе обезбедува околу 150-200 милиони евра годишно за македонската економија

October 1, 2020 10:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој.

Според најновите проекции на ЕБОР, како што наведува Аранитаси, ќе има пад на БДП  во државава од 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната година, што е слично со останатите земји од Западен Балкан Централна и Источна Еврипа со индустриска база. Откако имаше раст од близу нула проценти (0,2%) во првиот квартал, БДП се намали речиси за 13% (-12,7%) во вториот квартал, што значеше дека има големи нарушувања во економијата, преку значително намалување на приватната потрошувчка, инвестиции, извоз и увоз, посочува Аранитаси.

Не очекува банкротот на Еуростандард банка значително да влијае на здравјето на банкарскиот сектор, но посочува дека можеме да очекуваме зголемување на нефункционалните заеми откако ќе истечат поволните услови за отплата.

-Ќе продолжиме да ги поддржуваме, преку инвестиции и политики, сите земји од Западен Балкан на нивниот реформски пат и приближување до ЕУ се до нивното пристапување. Северна Македонија како земја-кандидат е од клучно значење за нас и моментално имаме дискусии со владата околу нашата поголема вклученост во земјата, наведува  Аранитаси.

Тој посочува дека стратегијата на ЕБОР за Северна Македонија во периодот 2019-2024 предвидува акцентот да биде ставен на три приоритети: зголемена конкурентност на приватниот сектор, зголемена регионална интеграција и поврзување преку подобра инфраструктура, и поддршка на транзицијата кон зелена енергија преку поодржлива мешавина на енергенси и подобра ефикасност на ресурси.

-Инвестиравме преку 160 милиони евра во 2019 година и околу 45 милиони евра во текот на 2020 година. Ќе обезбедиме уште средства до крајот на годината, и според предвидувањата, ќе се обезбедуваат во просек околу 150-200 милиони евра на годишна основа во текот на периодот што го покрива стратегијата, најавува Аранитаси.

Next Post

МОН: Успешно се одржуваат првите часови и со физичко присуство и преку онлајн платформата

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk