ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Над 15 илјади оздравени пациенти од Ковид-19 од почетокот на пандемијата во земјава

October 2, 2020 08:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 15 илјади оздравени пациенти од Ковид-19 има во државата од почетокот на пандемијата. На светско ниво оваа бројка е речиси 26 милиони. Според извештајот на Институтот за јавно здравје, вчера беа регистрирани 109 оздравени пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче вчера преку својот Фејсбук профил ги повика сите излекувани пациенти од Ковид-19 кои ги исполнуваат условите за дарување крвна плазма да се јават во Институтот за трансфузиона медицина.

 

Бојот на починати, пак, е 743, а само во преходното деноноќие битката со коронавирусот ја загубија четворица пациенти.

Филипче вчера соопшти дека направиле анализа на смртноста, и најави дека за многу кратко време, односно за неколку дена ќе биде завршена во Клиниката за инфеткивни болести, а веројатно во текот на следната недела и во ГОБ „8 Септември“. Првичниот увид, според него, укажува дека има сериозен процент на смртни случаи кои се случуваат во првите неколку дена после приемот, бидејќи пациентите доцна се јавуваат во болница. Најави дека со помош на Светска банка ќе набават најсовремени тестови за Ковид-19 кои даваат резултати за 15-на минути. Носењето маски по осум часа на училиште, според него, не претставува никаков ризик за децата, и тоа, како што рече, е една сосем безбедна препорака.

 

Во однос на нови случаи на заболени од оваа болест, вчера беа регистрирани 162. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 18138, а во моментов активни случаи се 2327. Најмногу активни и натаму се Скопје 775, следат Куманово – 184, Кочани – 161, Струмица – 156, Тетово – 149, Прилеп -124.

Во болниците од Ковид-19 се лекуваат 343 лица, од кои 41 се на кислородна поддршка, а еден на механичка вентилација.

Досега во земјава се направени вкупно 190.127 тестирања.

Во светот бројот на заразени надмина 34 милиони, активни се 7,8 милиони, а починаа еден милион луѓе.

Next Post

Труењето на Навални е закана за меѓународниот мир, писмо од Франција, Германија, В. Британија, Белгија и Eстонија до ОН

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk