Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација за Африка објави дека бројот на заразени со коронавирусот во изминатите два дена се зголемил за 19.142, додека 531 пациент починале од последици од Ковид-19.
Од почетокот на епидемијата во Африка се заразиле вкупно 1.489.197 лица, над 1,2 милиони пациенти се излекувале, а 36.085 починале.
Најголем број случаи на Ковид-19 и смртни случаи се регистрирани во Јужна Африка – 676.084 и 16.866. Од почетокот на пандемијата, во Египет се заразиле 103.317 лица, а 5.946 починале