Мадрид е првата престолнина на една европска земја која од вечерва ќе биде повторно затворена, така што 4,8 милиони жители на главниот град и девет околни општини нема да можат да го напуштат градот со цел да се спречи ширење на коронавирусот.
Поради зголемениот број на случаи, Мадрид и уште девет други околни општини ќе бидат ставени во карантин, а ќе бидат дозволени само патувања за работа, училиште, посети на лекар или купување на продукти.
Работата на баровите и кафулињата ќе се скрати од еден час по полноќ до 23 часот, пренесува Ројтерс.
Рестораните, спортските сали и продавниците ќе можат да работат со половина капацитет.