ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Средба на Заев со регионалната директорка на СБ, Ван Гелдер: Нашето партнерство придонесува за економски развој и квалитетен живот за граѓаните

October 2, 2020 18:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска ја прими регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Европа и Централна Азија, Линда Ван Гелдер.

-На средбата преку онлајн комуникација учествуваше и Масимилиано Паолучи, новиот директор на Канцеларијата на Светска банка во земјата, информираат од Владата.

Оттаму соопштуваат дека на средбата било разговарано за приоритетите на Владата, како и подетално за областите поврзани со сегашната и идна поддршка од Светска банка, со фокус на досегашните заеднички проекти, како и финансиски услуги и анализи.

-Соговорниците разговараа и за напредокот на агендата за иницијативата за регионалното економско поврзување, како една од напредните идеи, која како што беше заеднички констатирано ќе доведе до ефикасни и значителни заштеди во трошоците на трговската размена на годишно ниво. На средбата беше споменат и Регионалниот проект за олеснување во трговијата и транспортот, преку кој Светската банка е вклучена и ќе даде значаен придонес, велат од Владата.

Освен тоа, нсоговорниците разговарале и за напредокот во поттикнувањето на подинамичен и поконкурентен приватен сектор кој овозможува отворање нови работни места, како и овозможување на услови за создавање конкурентна, професионална работна сила, која придонесува за економскиот раст и развој на економијата.

-На средбата беше констатирано дека вториот мандат на Владата ќе се искористи за интензивирање на реформите во областа на економијата и започнување на пристапните преговори со Европската Унија. Беше изразена отворена поддршка за одржливите фискални и економски политики, што водат кон реализација на проекти од интерес на граѓаните, истакнуваат од Владата.

Заеднички била нагласена важноста на Стратегијата за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка, со чијашто поддршка се реализираат проекти во патната инфраструктура, енергетиката, комуналната инфраструктура, образованието и здравството, чие динамизирање ги доведува економските параметри во нагорна линија и придонесува за обезбедување на квалитетен живот за сите граѓани на државата.

-Од страната на Светска Банка беше истакнато дека Владата е фокусирана на ублажување на економските последици од ефектите од кризата и истовремено работи на планови за нејзино надминување, информираат од Владата./МИА/

Next Post

Филипче: Само 9 деца во целата земја кои посетувале градинка од отворањето во септември биле позитивни на Ковид-19, а 4 се веќе оздравени

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk