ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повик за ангажман на 40 тутори за поддршка на ученици со попреченост

October 7, 2020 12:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
До 15 октомври може да се пријават заинтересирани кандидати за тутори за поддршка на учениците со попреченост – стипендисти запишани во редовни училишта. Повикот за доставување пријави е наменет за 40 тутори од целата држава и е во рамки на проектот  „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

 Целта е да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Во повикот е наведен описот на ангажманот на туторите, начинот на кој ќе се обезбедува поддршката, местото каде што ќе се реализира ангажманот, целите што треба да се постигнат кај учениците со попречености и условите за избор на кандидатите за тутори.

Работата со овие ученици ќе се одвива индивидуално или во мали групи, во зависност од нивниот број во определеното училиште и нивните индивидуални посебни потреби и препораките на МОН поврзани со КОВИД-19.

– Туторот не е обврзан да присуствува на наставата која ја спроведува наставникот. Од туторот се очекува да организира и спроведува средби индивидуално или во мали групи на ученици со попреченост – стипендисти онлајн или во директен контакт, во зависност од состојбите, потребите и можностите на корисниците и насоките на Министерството за образование и наука за безбедносните ризици предизвикани од КОВИД-19. Ангажманот на туторите ќе биде до четири часа дневно, се наведува во отворениот повик.

Од кандидатите се очекува да обезбедат поддршка на учениците со попреченост – стипендисти  во текот на 22  месеца, во периодите: ноември-декември 2020; февруари – мај 2021; септември – декември 2021; февруари – мај 2022; септември – декември 2022 и февруари – мај 2023. За извршените обврски, предвидено е туторите да добиваат месечен надомест од 100 евра (бруто).

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка професионална биографија и изјава за интерес на мејлот: eva@stepbystep.org.mk. Крајниот рок за доставување на апликациите е 15 октомври до 16 часот.

Проектот го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во партнерство со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и со финансиска поддршка од Европската Унија.

Next Post

Пладневен преглед на вести: Во изолација 15 првачиња од скопско училиште, „Здравјето на конец“, документарен филм за горчливиот живот на текстилните работници во време на пандемија...

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk