Државниот обвинител Љубомир Јовески, по повод информациите дека фризерница во изминативе 3 години преку Агенцијата за европски образовни програми земала 270 илјади евра за образовни обуки, за ТВ 24 вели дека нема оформено предмет за случајот засега, но таа можност не се исклучува.
„Ги следиме сите информации, доколку има основ, зависно од проценката на колегите, не се исклучува можноста за да се отвори случај“, вели тој.
„Не добила грант фризерницата, туку фирмата ВЕЗ трејд. Според НА и Еразмус правилата на мојата фирма и е дозволено да учествува во процесот на аплицирање и имплементирање на образовни проекти. На тој начин со измислени приказни јавноста се доведува во заблуда со што им се нанесува штета на образовните институции, на корисниците на Еразмус и на мене како професионалец се нарушува угледот на ВЕЗ алудирајки на неправилности и корупција“, рече Златковски.
Фирмата ВЕЗ, веќе неколку години активно работи во полето на образованието и има сериозно портфолио на успешни проекти:
- Medi@Digi – PLUSTICA – Едукација за медиумска писменост во дигитално опкружување – ПЛУСТИКА, Еразмус+ програма, Клучна акција 201 – 2020 г.
- EntreSTORM – Младите почнуваат претприемачки предизвици, Еразмус+ програма, Клучна акција 202 – 2020 г.
- Entre SHALLANGER – Претприемачки предизвик, Еразмус програма, Клучна акција 102 – 2020 г.
- FlexJOB – Платформа за барање работа, Еразмус+ програма, Клучна акција 204 – 2020 г.
- CREATOR – Дизајн на претприемачко размислување, Еразмус+ програма, Клучна акција 102 – 2019 г.
- MediaDigi – Медиумска писменост во дигитално опкружување, Еразмус+ порграма, Клучна акција 201 – 2018 г.
- VEYoW – Валицација на младинска претприемачка работа, Еразмус+ програма, Клучна акција 102 – 2018 г.
Без оглед на владеачката гарнитура во државата и раководните позиции во Националната агенција Зоран Златковски, во континуитет аплицирал и добивал Еразмус проекти и преку училиштето во кое работи и со својата компанија и на сите бил главен координатор. Податоците за ова можете да ги добиете од Националната Агенција.
Тоа е важен доказ дека напредокот се базира на квалитет и професионална посветеност, а не на политичка пристрасност, непотизам или корупција, вели Златковски.





