ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Велковски: Во тек е изградба на 190 километри патна мрежа во вредност од 800 милиони евра

October 12, 2020 13:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

– Во време на сериозна глобална и економска и здравствена криза, инвестициите во инфраструктурата се од голема важност за побрзо надминување на негативните економски последици, истакна пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е посветена на сериозни инвестиции во капитални инфраструктурни проекти и потенцира дека низ државата во тек е изградба на 190 километри патна мрежа во вредност од 800 милиони евра.

„Автопатот Кичево – Охрид веќе добива посилна динамика, а на автопатот Скопје – Блаце изведувачот на првата делница, веќе е воведен во работа.

Во тек е рехабилитација на 208 километри патна мрежа во вредоност од 42 милиони евра, а обезбедени се 70 милиони евра за изградба и реконструкција на улици и локални патишта во општините.

Истовремено, во тек се 29 проекти за изградба на водоводи и канализации а се подготвуваат уште 14 проекти.

Во пет општини:  Пробиштип, Неготино, Виница, Св. Николе, Бутел, во тек е изградба на 506 социјални станови, а наскоро започнуваме со изградба на нови социјални згради во Демир Капија, Гевгелија и Велес.

Во однос на проектот за гасификација, реализирана се 60 отсто од делницата Скопје-Тетово-Гостивар. Оваа делница е со вкупна должина од 86 километри во вредност од 29 милиони евра.

Се работи и на делницата Неготино-Кавадарци-Битола, каде се релизирани над 89 отсто на делницата која е во вкупна должина од 92 километри и вредност од 36,4 милиони евра.“, рече Велковски на денешниот прес.

 

Next Post

Бугарскиот адмирал Манушев: Заев и Борисов ќе најдат решение за недоразбирањата

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk