ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ковид-19 во светот: Досега 1.3 милиони заразени во Русија, речиси 14 илјади нови случаи во Британија во еден ден

October 12, 2020 19:18
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 37.915.124 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.083.645 пациенти, а оздравеле 28.484.048 луѓе.

-Во последните 24 часа во Русија се потврдени нови 13.592 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на пациенти достигна 1.312.310, соопшти денеска Центарот за борба против коронавирусот. Во истиот период умреле 125 лица или досега вкупно 22. 722, пренесе Тасс.

– Во Велика Британија бројот на заразени со коронавирус се зголеми за 13.972, додека ден претходно имаше 1.100 нови случаи помалку, пренесуваат британските медиуми. Од ковид-19 во последните 24 часа умреле уште 50 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 42.875.

-Втор ден по ред во Иран е регистриран најголем број смртни случаи од коронавирусот во едно деноноќие – 272.

– Во последните 24 часа во Србија се потврдени 67 нови случаи на коронавирус од 5.263 тестирани лица. До денеска во земјата се потврдени вкупно 34.854 случаи на Ковид- 19. Две лица умреа од Ковид-19 во последните 24 часа, а вкупниот број на смртни случаи од пандемијата е 765.

– Дури 2.069 нови случаи на Ковид-19 се откриени во Романија во претходните 24 часа. Со 56 нови смртни случаи меѓу пациентите со Ковид-19, вкупниот број на смртни случаи во земјата сега изнесува 5.467. До денеска во земјата се потврдени вкупно 157.352 случаи на инфекција, 118.912 излекувани и 2.681.588 тестирани, јави Аџерпрес.

– Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 83 нови случаи на Ковид-19, се наведува на официјалната веб-страница на бугарската Влада. Вкупниот број на потврдени случаи во Бугарија досега е 24. 402, а од почетокот на пандемијата се извршени 573 000 ПЦР тестови. Вчера умрел еден пациент од Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи е 892.

-Во последните 24 часа во Грција се регистрирани 295 нови случаи на Ковид-19, а починаа уште седум лица. Од почетокот на епидемијата, заразени се 22.652 лица, а починаа 456.

-Во последното деноноќие Албанија забележа нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19. Од направените 952 теста, опасниот вирус е дијагностициран кај 171 лице, со што вкупната бројка на заразени се зголеми на 15.570. Според Министерството за здравство и социјална заштита во измнатите 24 часа во списокот на оздравени се впшани 85 или 9.585, додека починале четворица или вкупно 424 пациенти.

– Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 181 нов случај на инфекција со коронавирус и три смртни случаи, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

– Во Словачка се потврдени 504 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на пациенти досега изнесува 20.355, соопшти денеска Националниот информативен центар. Во последното деноноќие нема пријавено смртни случаи, па нивниот број останува 61, пренесува Таср.

– Во последните 24 часа во Унгарија се регистрирани 1.173 нови случаи на коронавирус и 14 смртни случаи кај пациенти со Ковид-19. Вкупниот број на заразени досега изнесува 38.837, а умреле 968, се гледа од официјалната веб-страница на унгарската Влада, пренесува агенцијата МТИ.

– Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 979 нови случаи на инфекција со коронавирус, од кои 327 во Виена. Во моментов во Австрија има 11.442 активни пациенти, од кои 561 се хоспитализирани, а 97 се на интензивна нега. Во последните 24 часа умреа четири лица, со што бројот на смртни случаи достигна 855.

– Во Словенија се потврдени 169 нови случаи на коронавирус, од тестирани 1.404 лица, што е повеќе од двојно повеќе од претходниот ден. Како што е јавено во овој период умреле две лица или досега вкупно 169, пренесе порталот 24УР.

– Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 181 новозаболен и девет смртни случаи, соопшти вечерва Институтот за јавно здравје во Подгорица. Од почетокот на годината, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот коронавирус е 14.050./MИА/

Next Post

Заострена реторика меѓу Мета и Рама, премиерот објави иронична слика на Инстаграм

Shortcut

Најново

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk