Пулмологот Трајче Нешковски (32) почина попладнево, откако претходно му се слошило и со автомобилот удрил во дрво на „Рузвелтова“.
Речиси сите членови на СДСМ се простија од нивниот другар, соборец, како што пишуваат. човек со срце како планина. Стотици пораки со сочувство до неговото семесјтво пристигаа и од пријателите и пациентите.
Жално е кога смртта нѐ разделува од пријателите и соработниците, а посебно е тажно кога прерано ќе заврши животот на некој толку успешен и млад човек.
Од својот другар и колега се прости и министрерот за здравство Венко Филипче кој напиша дека секогаш ќе биде горд на него.
Денеска изгубивме другар и доктор кој целосно се даваше за грижа и третман на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели. Тој даде сѐ од себе во битката со коронавирусот грижејќи се за пациентите. Тој е мојот колега на кој засекогаш ќе бидам горд! Сочувство до семејството. Трајче почивај во мир, лесна ти земја!, напиша Филипче.
Во чест на нешковски Нешковски, фотографии од нивниот другар објавија и Сања Лукаревска, Петре Шилегов, Коста Костадинов, Радмила Шекеринска, Ѓорѓи Галетановски и многу други.