ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заострени мерки во Словенија по влошената епидемилошка состојба

Мерките се воведуваат откако во Словенија веќе неколку дена има високи бројки на новозаразени, а вчера имаше 707 нови случаи, што е најголем дневен пораст на новозаразени од почетокот на епидемијата во таа земја.

October 15, 2020 08:47
in ON THE HOUR, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека во Словенија од денеска ќе стапат во сила заострени мерки против ширење на коронавирусот, кои вклучуваат учење на далечина, забрана за движење меѓу регионите, ограничувања на собири и задолжително носење маски на отворено во регионите кои се на „црвената листа“. Од 12 региони – седум се на „црвената листа“. Јанша рече дека меѓу новите мерки што Владата ги донела поради влошената епидемиолошка состојба, е и активирањето на резервните капацитети во здравствениот систем.

Според него, наставата во училиштата ќе биде ограничена, така што учениците од петто одделение и повисоките класови од основното училиште ќе учат  на далечина барем до есенскиот распуст, кој започнува во последната недела од октомври, кога ќе се преразгледа ситуацијата, пренесува СТА.

Јанша рече дека мерката ќе важи и за средните училишта и ги повика факултетите да работат што е можно повеќе преку Интернет.

Премиерот изјави дека седум од 12 словенечки статистички региони го надминале прагот од 140 нови случаи на вирусот на 100.000 жители во период од две недели.

Во тие седум региони кои се наоѓаат на црвената листа, движењето меѓу регионите ќе биде забрането, додека собирите ќе бидат ограничени на 10 лица.

Воведена е обврска за носење маски на отворено, а одредени активности, како што се спортски настани, ќе бидат откажани.

Станува збор за регионите Централна Словенија, Горењска, Корошка, Засавје, Посавје, Савиња и Југоисточна Словенија.

Мерките се воведуваат откако во Словенија веќе неколку дена има високи бројки на новозаразени, а вчера имаше 707 нови случаи, што е најголем дневен пораст на новозаразени од почетокот на епидемијата во таа земја.

Next Post
foto: GEORGI LICOVSKI

Утрински преглед на вести: Врвен приоротет- борба против корупција, најмногу новозаразени со Ковид 19 од 30 до 39 години...

НАЈНОВО

Бојан Кордалов за Фронтлајн: Политичките партии сè уште заробени во етничките матрици

October 28, 2025

Македонската филхармонија ќе настапи во „Музикферајн“ во Виена

October 28, 2025

Временско ЕХО – 28 октомври

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk