Тејлор Свифт, Бредли Купер и кантри-пејачот Кит Урбан подарија своја гитара за добротворната аукција на „Кристи’с“. Наддавањето и продажбата траат од денеска до 29 октомври, и имаат за цел прибирање средства и помош за кантри-музичарите во САД, погодени од корона-кризата.
Така, гитарата „Гибсон“ на Тејлор Свифт и деветте перца, се очекува да достигнат цена од 25.000 до 40.000 долари. Електричниот инструмент на Бредли Купер, пак, користен во филмот „Ѕвездата е родена“ од пред две години, се проценува на 2.000 – 4.000 долари.
Taylor Swift has donated her personal signed guitar from her 2020 ACM Awards performance to the ACM Coronavirus Relief Auction to help raise money for those impacted by the pandemic. ? pic.twitter.com/b3ySjueC8n
— Taylor Swift News (@TSwiftNewsLA) October 15, 2020
На наддавањето ќе се најде и 30-годишен цимбал на кантри-ѕвездата Доли Партон (проценет на 50.000 – 100.000 долари), акордеон на Шерил Кроу (8.000 – 12.000 долари), како и гитари на Двајт Јокам и Блејк Шелтон.