ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата препорача исплата на октомвриските пензии од 27 октомври

October 20, 2020 19:49
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната 13-та седница им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат од 27 овој месец.

Како што информира владината Прес-служба, Владата ја разгледала и усвоила Информацијата за исплата на пензии за октомври 2020 година и го задолжила Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26.10.2020 година.

– Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите со октомвриските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27.10.2020 година, а готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, да биде организирана во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во петок, на 30.10.2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари, се наведува во соопштението.

На владината седница е утврден и новиот текст на Предлогот на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

– Целта на Предлог на Законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, е создавање услови за целосна имплементација на член 147-а од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија, според кој, активниот воен и цивилен персонал на служба во Армијата остварува право на стаж на осигурување со зголемено траење, односно бенефициран стаж, информира владината Прес-служба.

Владата на седницата го утврди и најновиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за научно-истражувачка дејност.

– Со предложените измени се пролонгира рокот за избор во научни звања, односно лицата кои се фаза на стекнување на овој статус да ги завршат докторски студии и да бидат избрани во научно звање научен соработник, со што се надминува состојбата поради која немаше законски основ за исплата на септемвриската плата во научните институти, се додава во соопштението./МИА/

Next Post

Анкета: Откако Трамп се зарази со коронавирус, Американците помалку му веруваат

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk