ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов претседател на Асоцијата на Архитекти – проф. д-р Ралев на местото на Мартин Пановски

October 22, 2020 12:39
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На изборното Собрание на Асоцијација на Архитекти на Македонија (ААМ), кое се одржа вчера беше избрано ново раководство. Согласно мерките пропишани од надлежните Институции и Органи на Република Северна Македонија, за одржување на ваков тип настани во време на Ковид-19, Собранието се одржа на отворен простор, во дворот на Архитектонски факултет – Скопје.

За нов Претседател на Управниот Одбор на ААМ беше избран проф. д-р Мишко Ралев, Архитект и актуелен Декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје.

– Со голема чест и задоволство ја предавам функцијата на новиот Претседател, со верба дека и натаму Асоцијацијата ќе биде двигател и промотор на архитектонските вредности во нашата држава, истакна  досегашниот Претседател на У.О., Архитект Мартин Пановски.

Новиот претседател на Асоцијацијата на архитекти проф. д-р Мишко Ралев, потенцира дека Асоцијацијата е здружение кое има суштинско значење, во секоја смисла на зборот и во својот домен на работа е директно поврзано со архитектурата и делата на архитектите.

– Оттука, како што всушност архитектурата меѓу другото значи и поврзување,  релација со луѓето и општеството, ќе ни биде од суштинско значење во континуитетот со менаџирањето со ААМ. Или, отворени за јавноста за сè она што значи исполнување на простор во архитектонска смисла е премисата по која ќе одиме напред. Имаме старо нов Управен одбор, од кој очекувам да продолжи интензивно и посветено да работи на унапредување на контактите и врските со јавноста, со политичкиот естаблишмент, со локалната самоуправа и со надлежните Институции во правец на отвореност за дебата, конструктивност и критики кои се неопходни во донесувањето точни одлуки кои се однесуваат на исполнување на просторот.“, истакна проф. д-р Мишко Ралев, новиот Претседател на У.О. на ААМ.

За Претседател на Собранието на ААМ беше избрана Искра Јанковска Михајловска, Архитект од Скопје.

За Членови на Управниот Одбор на AAM се избрани архитектите: Александар Радевски, Иван Арсовски, Бесиан Мехмети, Јана Гугулоска-Ѓорѓевиќ, Марта Илиевска и Мартин Деловски.

Next Post

Се набавуваат нови резервоари за пречистителната станица во Југохром

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk