ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законот за заштита од заразни болести и ребалансот на Буџетот пред пратениците на 27 октомври

October 22, 2020 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Измените и дополнувањата на Законите за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври. Доколку се постигне договор меѓу парламентарните партии би можело на дневен ред да се најде и изборот на уставен судија.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите изјави дека пратеничките групи побарале Законот за заштита на населението од заразни болести да не биде ставен на седницата на 20 овој месец за да се усогласат за одредени прашања. Но, Џафери истакна дека поради разногласието на партиите нема намера да свикува седница само за една точка на дневен ред по скратена постапка.

– Им кажав дека на 27 октомври е наредната седница, рече Џафери.

Тој, како што истакна во изјава за медиумите, ќе биде сигурен дека е постигнато усогласување за законот на понеделничката редовна координација.

Оваа седница би можела да биде дополнета и со други точки, како избор на потпретседатели доколку има известување од пратеничките групи дека имаат предлози, со неколку одлуки на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

До седницата се очекува да заврши изолацијата на тројцата пратеници кои беа позитивни на Ковид-19. Според Џафери, тие се во добра здравствена состојба.

Во однос на текстовите за набавка на 100 компјутери за пратениците, претседателот на Собранието потенцираше дека станува збор за компјутери набавени за службата на Собранието, а не за пратениците и дека тоа најмалку има врска со одржување на онлајн седници. Компјутерите се набавени во рамки на проект на Швајцарската амбасада и НДИ.

Џафери рече дека Декларација за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии, што до Собранието ја поднесоа двајцата пратеници од Левица, веќе се доставува до пратеничките групи, а би можела да биде ставена на дневен ред на седница која би се одржала на почетокот на ноември.

Барањето за одржување надзорна расправа за состојбата со „Еуростандард банка“ поднесено од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса и Алтернатива, претседателот на Собранието, како што рече, го проследил до Комисијата за финансирање и буџет. Тој појасни дека барањето е Комисијата да одлучи дали ќе има надзорна расправа, а со тоа мнозинството да мора да се изјасни за случајот со „Еуростандард банка“.

Пратеничките групи се уште немаат асистенти, бидејќи нема одлука што треба да се потпише од потпретседател на Собранието, односно нема одлука што треба да помине на Буџетскиот совет. Парламентраните партии не поднеле предлози за потпретседатели на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека нема да поднесе предлог за потпретседател, а другите групи не го информирале Џафери дека имаат предлог.

Next Post

Светска Банка за Македонија предвидува за оваа година пад на БДП од 4,1 %, а за наредната раст од 3,6 отсто

НАЈНОВО

Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

October 31, 2025

Пентагон го поддржа барањето за „Томахавк“ за Украина, Трамп треба да одлучи

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk