ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Маричиќ: Неопходна е брза дигитализација на судството за да продолжат постапките и во време на пандемија

October 22, 2020 16:50
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска учествуваше на ЕУ – Западен Балкан министерскиот форум за правда и внатрешни работи, кој е во организација на германското претседателство со Советот на ЕУ, а покрај министрите, ќе учествуваат и еврокомесарите за проширување, правда и внатрешни работи, Оливер Вархеји, Дидие Ренедерс и Илва Јохансон. Форумот беше претседаван од страна на германската министерка за правда Кристина Ламбрехт.

Во своето обраќање, Маричиќ истакна дека поради пандемијата со Ковид – 19, потребата за забрзана дигитализација на правосудниот систем е значајна како никогаш досега, како за реформите во правосудството, така и за ефикасното постапување по случаите од страна на судските институции.

Со еврокомесарите и министрите од регионот, министерот ги сподели предизвиците со кои се соочија нашите судови и обвинителства, како и дејствијата што беа преземени за ублажување на влијанието на пандемијата врз тековните постапки за време на вонредната состојба.

„Без никакви одложувања, Владата донесе Уредба со законска сила за роковите во судските постапки за периодот на вонредната состојба. Со оваа Уредба, се запреа роковите за поднесување тужби во парнична постапка, кривични постапки и управни спорови, како и роковите за поднесување редовни и вонредни правни лекови за време на вонредната состојба“, потенцираше Маричиќ.

Воедно, министерот образложи дека за заштита на судиите и странките во постапката, Судскиот совет постапил навремено со донесувањето на Одлуката за работата на судовите во услови на пандемија. Со оваа одлука беа утврдени кои случаи ќе се сметаат за итни и приоритетни за постапување, како и начинот на заштита при влегување во судот, дезинфекција на судот и сл. Случаите што не биле итни се воделе единствено доколку немало ризик по здравјето на кој било од учесниците во постапката.

„За прв пат во Северна Македонија онлајн судењето беше спроведено од страна на судот во Кавадарци. Ова го сметаме за позитивен исход и пример што дополнително ќе поттикне употреба на дигитални алатки како современ начин на комуникација помеѓу судовите и странките“, потенцираше Маричиќ, кој наведе и други позитивни примери со кои се покажало дека системот е применлив за сите видови кривични постапки со целосна гаранција од секаков вид на злоупотреба.

Со цел да се надминат идентификуваните слабости, Маричиќ истакна дека ќе биде многу важно во претстојниот период да се зајакне правната рамка во врска со електронското водење на судските постапки.

„Ние исто така ја разгледуваме потребата за понатамошни подобрувања нa релевантните процесни закони, со цел да се овозможи ефикасно продолжување на судските постапка за време на пандемијата. “, истакна Маричиќ.

За соодветно и непречено функционирање на правосудството за време на пандемија или слични ситуации, Маричиќ истакна дека е потребна целосна дигитализација на случаите и интероперабилност помеѓу судовите, со што значително ќе се зголеми ефикасноста на судовите и ќе ги забрза судските постапки од една страна, а ќе ја намали потребата за физичко присуство од друга страна.

Next Post

Апликацијата „Фејсбук дејтинг“ наскоро достапна и во Европа

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk