ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Активни 6.552 случаи на ковид-19 во земјава, за 10 дена 77 починати од компликации со вирусот

October 23, 2020 07:59
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 640 случаи на заразени со коронавирусот, 2 634 тестирања, 12 лица починати и 143 пациенти оздравени, е билансот од претходното деноноќие. Починатите 12 пациенти се на возраст од 63 до 89 години. Двајца се од Велес, седум од Скопје, еден од Прилеп, еден од Штип и еден од Струмица. Сите се починати во болнички услови. Во изминатите десет дена, починати се 77 пациенти со компликации од новиот коронавирус.

Во земјава, заклучно со вчерашната статистика, активни се 6.552 ковид случаи. Моментално најмногу активни случаи имаат Скопје – 3 174, по што следат Струмица – 383, Тетово – 345, Куманово – 290 и Прилеп – 278. Трицифрени бројки има во Кочани, Штип, Битола, Кавадарци, Охрид, Велес, Гостивар и Кичево.

Активни случаи по општини во Скопје најмногу има во Аеродром – 631, Карпош – 511, Центар – 484, Гази Баба – 379, Кисела Вода – 366, Ѓорче Петров – 255, Чаир – 151, Бутел – 127, Илинден – 51, Сопиште – 26, Сарај – 21, Петровец – 20, Шуто Оризари – 19, Чучер Сандево – 12, Арачиново – 10, Зелениково – 8, Студеничани – 6. Меѓу активнте на територија на Скопје има и 16 странци и 81 нераспределен.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 25 473, бројката на оздравени пациенти е 18 047, на починати е 874, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 6552.

Досега се направени вкупно 229.246 тестирања на Ковид-19.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 115 пациенти, од кои на кислородна поддршка се 90 пациенти. Нема пациенти на респиратор, но има четворица во ГОБ „8 Септември“, каде се хоспитализирани се 47 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се седум деца и пет мајки позитивни на коронавирусот, а три деца и три мајки се суспектни.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство вчера информираа дека имаат три случаи на позитивни на коронавирусот. Се работи за медицински сестри, кои се заразиле преку семеен контакт. Двајца доктори меѓу кои директорката на Клиниката, Викторија Јовановска се во самоизолација поради заболени членови на нивните семејства.

– Во овие седум месеци никој не се заразил на Клиниката. Нема никаква опасност да се заразат пациенти и персонал. Од понеделник уште еднаш ќе се тестираме, да имаме негативен тест и ќе одиме на работа, изјави д-р Јовановска.

Освен овој забележан случај, вчера од Кавадарци дојде информацијата дека две наставнички и 15 деца се во изолација, откако седумгодишен ученик добил позитивен резултат на Ковид-19 тест. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Во Штип поради заразен наставник триесет и четири второоделенци од основното училиште „Тошо Арсов“ и нивните две наставнички заминуваат во изолација. Тие имале физичка настава од наставник од предметна настава, кој е позитивен на коронавирусот.

Next Post

Косовскиот премиер Хоти денеска во Скопје

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk